Ситуацијата со Ковид-19 во Москва станува драматична, вели градоначалникот Собјанин

Од:

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, денеска предупреди дека главниот град на Русија се соочува со се потешка ситуација, како што се шири коронавирусот.

„Состојбата со Ковид-19 станува се потешка, дури и драматична, како што поминуваат деновите. Ние се приближуваме до бројките што беа кога бранот беше на својот пик. Бројот на хоспитализирани надмина 1.000 луѓе на ден. Бројот продолжува да расте”, напиша Собјанин во својот блог.

Москва е прва според бројот на заразени со вирусот, а како и во повеќето земји во светот, бројот на пациенти расте. Главниот град на Русија забележа 311.559 случаи на коронавирус, од кои дури 4.082 во претходните 24 часа, а 5.401 жител на Москва досега починал од компликации предизвикани од вирусот.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте