Сириските военовоздухопловни сили уништиле два ловци, користени од групата „Исламска држава“ во северниот дел на Сирија, изјави министерот за информација Омран Зуби.
Сириска невладина организација во петокот соопшти дека ирачки пилоти, обучувани од режимот на ирачкиот претседател Садам Хусеин, се присоединиле кон „Исламска држава“ и вршат тренинг летови со три запленети воени авиони во военовоздухопловната база во провинцијата Алепо.
Според Сирискиот центар за набљудување на човековите права, џихадистите летале со ловците над воениот аеродром Ал Џара, преземен од нив, источно од Алепо.
Зуби рече дека сириските военовоздухопловни сили го бараат третиот ловец, а другите два се уништени. Со тоа Дамаск првпат призна дека „Исламска држава“ користи летала.
Министерот истакна дека станува збор за стари авиони, кои терористите ги испробувале. Военовоздухопловните сили урнале два од ловците на пистата на аеродромот Ал Џара при нивното слетување.
Од американската Централна команда во петокот рекоа дека не знаат оти „Исламска држава“ користи авиони во Сирија.