Сириски ракети „Скад“ паднале во близина на турската граница

Од:

Неколку ракети „Скад“, испукани против сириските бунтовници, паднале во близина на турската граница, соопшти вчера Високиот командант на НАТО силите во Европа адмирал Џејмс Ставридис во блог, објаснувајќи зошто се распоредени ракетните системи „Патриот“ во Турција, јави БТА.

Ова е прва потврда од претставник на Алијансата дека ракети „Скад“ паднале во близина на границата на Турција, која е членка на НАТО.

Американскиот генерал ситуацијата во Сирија ја опиша како „збунувачка и опасна“.

– Изминатите неколку дена ракети „Скад“ се истрелани во внатрешноста на Сирија од страна на режимот против цели на опозицијата. Неколку од нив се паднати во близина на границата со Турција, што е исклучително загрижувачки, пишува во својот блог Ставридис.

Сирија негира дека користи ракети „Скад“ во борбата против „терористичките група“ на нејзина територија, како што сирискиот режим ги нарекува опозициските бунтовници.

Би можело да ве интересира

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он