Сирија се претвора во турско-руско бојно поле

Од:

Хуриет Дејли Њуз – Истанбул

Уривањето на рускиот борбен авион на 24 ноември е првиот ваков забележан случај од многу аспекти. Пред се, тоа е првиот руски борбен авион срушен од страна на НАТО по 50 години и првиот урнат од страна на Турција по основањето на Алијансата на крајот на 40-те годни од минатиот век.

Тоа е исто прв случај на директен воен судир на два надворешни фактори со различни цели во Сирија, по избувнување на граѓанската војна на почетокот на 2011 година.

Исклучителната серизоност на случајот неизбежно стана очигледна откако Турција започна дипломатска кампања за информирање на светските лидери и други клучни страни за тоа како и зошто нападот бил преземен против руски ловец.

Анкара прво ги информираше петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, вклучувајќи ја и Русија, а потоа уште истиот ден свика вонредно заседание на Советот на НАТО. Турција ја побара од своите сојузници во НАТО поддршката и солидарност по зголемените руски и сириски закани врз своите граници.

Исто така, турските лидери свикаа национална седница на тема безбедност, откако премиерот Ахмет Давутоглу повторно ја потенцира решителноста на Турција да ја зашити својата гранична безбедност и да се погрижи за Туркмените кои во последнава недела се изложени на засилени напади.

Одговорот на Москва беше остар и многустран. Рускиот претседател Владимир Путин го дефинираше овој чекор како „забодување нож во грб“ од „соучесниците на терористите“. Тој исто изјави дека „Исламска држава (ИД) пренесува сириска нафта преку Турција за да ги финансира своите акции, упатувајќи многу директни обвинувања кон турската Влада.

Зборовите на Путин беа проследени со откажување на посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Анкара, закажана за 25 ноември во Истанбул. Ова откажување е знак дека Москва нема намера да седне на иста маса со Турците во овој момент и да воспостави канал за комуникација.

Покрај тоа, Лавров го посоветува рускиот народ да не патува во Турција, поради заканите од тероризам како јасен сигнал по напдот од Путин: Случајот ќе има „сериозни последици“ за билатералните односи.

Ккао што е добро познато, Анкара и Москва развија многу уникатна врска во последнава деценија, зголемувајќи ја билатералната економска размена на речиси 35 милијарди долари и најавија план до 2020 година таа да порасне до 100 милијарди долари. Овие односи создадоа основа турските бизнисмени и градежници-претприемачи да ја искористат нараснатата руска бизнис средина, додека милиони Руси со години наназад ја избираат Турција за своја главна туристичка дестинација.

Очигледно е дека инцидентот со авионот ќе нанесе голем удар врз сите тие аспекти и нервозата е дека ќе треба доста долго време пред односите да можат да бидат пак вратени во нормала. Можно е да се очекува исто така да биде одложена и планираната посета на Москва на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на средба со Путин со цел разгледување на идните етапи на болатералните односи ако двете страни не успеат да ја смират кризата во следниот период.

Но, најголемата закана се уште се наоѓа на сириска територија, каде авиони на Русија, Турција и други земји од коалицијата против ИД, предводена од САД, кружат над малиот воздушен простор над Сирија. Сириско-рускиот блок спроведува сопствени воени операции за да ја зацврсти власта на сирискиот претседател Башар ал Асад во реоните кои се под негова контрола, обидувајќи се и да ги истераат од околината сите локални сили кои се борат истовремено и против ИД и против режимот.

Од таа причина руските борбени авиони вршат напади многу блиску до турската граница: за да и овозможат на сириската армија повторно да ја преземе контролата над стратешките точки во северозападна Сирија. Тоа е особено важно затоа што таа ќе треба да договори примирје со опозициските сили следната година во рамките на договорот од Виена.

Од друга страна, коалицијата против ИД, предводена од САД и во која учествува и Турција, исто ќе ги продложи борбените операции кои започнаа за воспоставување зона без ИД меѓу Маре и Џараблус. Тоа баш и нема да биде од корист за сирискиот режим и некои претпоставуваат дека руско-сириската операција во последно време во северозападна Сирија има за цел да ја забави таа иницијатива на САД и Турција.

Во целина, може да се каже дека ако Труција и Русија – како и други вклучени воени страни – не најдат начин да ги намалат тензиите, сирискиот театар веројатно ќе се претвори во бојно поле каде армиите на Турција и Русија ќе се конфронтираат една со друга, дури и почесто. Тоа едноставно не соодветствува со меѓунардоните напори за решавање на сирискиот проблем по мирен пат и преку дипломатија.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски