Сирени за воздушен напад се огласија во делови од Техеран

Од:

Сигналот за тревога и активните операции на иранските системи за воздушна одбрана се слушнаа во некои делови од Техеран, објавија денес иранските државни медиуми.

Повикувајќи се на неименувани, добро информирани воени извори, иранската државна новинска агенција Тасним објави дека звукот на сирените е поврзан со операциите на воздушна одбрана против непријателско извидување и мини-дронови.

Звукот на сирените за тревога сè уште се слуша во некои области од иранскиот главен град, вклучувајќи го западниот, централниот и југоисточниот дел на Техеран, додека во некои делови од поширокиот ирански главен град, сирените за тревога се прекинати.

Би можело да ве интересира

Аракчи: Вооружените сили на Иран се подготвени за одбрана

Грабнат е танкер за нафта крај брегот на Јемен

САД се закануваат со санкции за бродските компании кои плаќаат „патарина“ во Иран

Иран: Со контрола на Ормутскиот теснец ќе создадеме зона на безбедност и просперитет

Иранската добитничка на Нобелова награда итно е префрлена од затвор во болница

Горан Наумовски

Трамп: САД нема прерано да се откаже од конфликтот со Иран

Горан Наумовски