Аракчи: Вооружените сили на Иран се подготвени за одбрана

Од:

Вооружените сили на Иран се целосно подготвени „решително да одговорат на секоја закана“, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, додавајќи дека Техеран останува подготвен за дипломатија доколку САД го променат својот пристап.

– Иран не ја започна наметнатата војна, а Техеран е подготвен да го продолжи дипломатскиот процес доколку САД се откажат од своите прекумерни барања, заканувачка реторика и провокативни дејствија. Иранските вооружени сили остануваат целосно будни и подготвени за сеопфатна и решителна одбрана на земјата од каква било закана или злонамерен чин, предупреди Аракчи.

Во одделни телефонски разговори со министрите за надворешни работи на Турција, Катар, Саудиска Арабија, Египет, Ирак и Азербејџан, Аракчи ги изложи ставовите на Иран за актуелните регионални случувања и ги обвини САД и Израел за она што го нарече „агресија“ што ја загрозува стабилноста на Персискиот Залив, објави новинската агенција Тасним.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Иран обави дека погодил два американски радара во Бахреин

Техеран ѝ се заканува на Европа: Земјите што ќе обезбедат бази за напади врз Иран ќе бидат цели

Багаеи: Лажни се извештаите дека Иран развива биолошко оружје

Трамп се соочува со тешка одлука

Американската воена операција против Иран достигна цена од над 44 милијарди евра

Трамп: Нема да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје