Грабнат е танкер за нафта крај брегот на Јемен

Од:

Јеменската крајбрежна стража соопшти дека танкерот за нафта М/Т ЕУРЕКА бил киднапиран покрај брегот на покраината Шабва. Во соопштението се вели дека танкерот бил киднапиран од „неидентификувани вооружени лица кои се качиле на бродот, ја презеле контролата и го насочиле кон Аденскиот Залив во правец на сомалиските води“.

Јеменската крајбрежна стража потврди дека локацијата на танкерот е пронајдена и дека се преземаат напори за негово следење, преземање на потребните мерки за негово пронаоѓање и обезбедување на безбедноста на неговиот екипаж, објави Ројтерс.

Јеменската влада во петокот изјави дека нема да остане неутрална во случај на нови американски потези против Иран, со силна осуда на американските акции во Персискиот Залив и порака за поддршка на Техеран во спорот околу Ормутскиот теснец.

Во соопштението се вели дека Сана ги смета мерките на САД против иранските бродови и запленувањето на бродови во регионот за „кршење на меѓународното право“ и „пиратство“.

Јемен изрази поддршка за ограничувањата на Иран за пловидба низ Ормутскиот теснец, опишувајќи ги како дел од „правото на самоодбрана“, обвинувајќи ги САД за ескалација на тензиите во регионот.

Во соопштението, исто така, се наведува дека Јемен е на страната на Иран, Либан и Палестина во тековните регионални конфликти, обвинувајќи ја американската администрација за „варварство“ и дестабилизација на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Калибаф: Откривањето на новиот ракетен град е јасна порака до непријателите на Иран

Иран: Вашингтон мора да ги исполни условите на Техеран доколку сака крај на војната

САД: „Подготвени сме за напад“

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД