Иран: Со контрола на Ормутскиот теснец ќе создадеме зона на безбедност и просперитет

Од:

Командата на морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека ќе го трансформира Ормутскиот теснец во област на „безбедност и просперитет“ откако ќе воведе нови правила за контрола на водниот пат.

Во соопштението е наведено дека морнарицата на Иран ќе спроведе „нови правила“ во водите во близина на иранскиот брег во Арапското Море и Ормускиот теснец, објави Ал Џезира.

Прецизирано е дека морнарицата на ИРГЦ ќе врши „контрола над речиси 2.000 километри иранска крајбрежна линија“ во Арапскиот Залив и Ормутскиот теснец, што, како што се вели, ќе доведе до безбедност и просперитет во регионот.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено

Аракчи: Ако Америка е искрена, мора да се придржува до нашите услови

Пезешкијан: Заканите и санкциите мора да се укинат за да се отвори пат за дијалог

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Студентка во Иран e осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски