СИПРИ: Западните компании за оружје доминираат на светскиот пазар

Од:

Западни компании за оружје доминираат на светскиот пазар, додека руските се поддржани со порачки од државата, тоа се главните заклучоци од годишниот извештај на Шведскиот институт за мир (СИПРИ) за 100-те најголеми фирми производители на оружје во светот.

Стоте фирми во 2013 година направиле обрт од вкупно 402 милијарди долари, што е за два отсто помалку од 2012 година. Намалување е регистрирано трета година по ред.

Од фирмите во првите 100, 38 се базирани во САД, една во Канада и 30 во Европа. На нив е дел од речиси 85 отсто од светската продажба на оружје.

Меѓу првите десет, шест се од САД – на прво место е Локхид Мартин, по неа следува Боинг, па британската Би Еј Ај Системс.

Од списокот, 10-те руски фирми продале оружје вредно 31 милијарда долари – за 20 отсто повеќе отколку во 2012 година. Кинески компании не се вклучени во списокот поради недостиг од информации.

СИПРИ е формиран од шведскиот парламент во 1966 година. Институтот кој делумно е финансиран од шведската држава, ги следи воените расходи и конфликти.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра

Нови фотографии од салата во Москва, терористите оставиле оружје и муниција зад себе

А1он

Скок во приходите и профитот на голем германски производител на оружје

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

ОЈО: Во Шипковица е пронајдено оружје и фалсификувани пари