Синот на Бајден повторно цел на истрага на американските истражни органи

Од:

По неколкумесечна суспензија, американските федерални истражни тела повторно отворија истрага против Хантер Бајден, синот на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.

По препорака на Министерството за правда на САД, истрагата беше прекината и сите активности што може да влијаат на исходот од претседателските избори во САД беа забранети.

Сега кога завршија претседателските избори, истрагата против Хантер Бајден влегува во нова фаза, а Федералното обвинителство во Делавер, даночната служба и ФБИ преземаат нови чекори и повикуваат сведоци и соработници на Хантер Бајден, јави Си-Ен-Ен повикувајќи се на добро информиран извор близок до истрагата.

„Вчера за првпат слушнав дека обвинителството во Делавер, исто така, вчера ги извести моите правни застапници дека истрагата на даночната служба е одмрзната. Мислам дека ова е многу сериозно, но убеден сум за објективна и професионална истрага извршена законски и соодветно во секој поглед, дури и кога станува збор за даноците“, стои во официјалното соопштение на Хантер Бајден, пренесе Си-Ен-Ен.

Некои од сомнителните трансакции поврзани со деловно работење во Кина, за кои е осомничен синот на новоизбраниот американски претседател, вклучуваат и лица за кои ФБИ смета дека имаат разузнавачки интерес.

Би можело да ве интересира

Хамас објави дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи

Катерина Ѓуровски

Бајден потврди дека Израел му понудил примирје на Хамас: Време е оваа војна да заврши

Бајден и дозволи на Украина ограничено користење американско оружје за напади во Русија

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Бајден ја нарече скандалозна одлуката да се бара потерница за Нетанјаху и Галант

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Трамп повторно го исмејуваше Бајден, публиката се смееше