Синодот на РПЦ заседава во Минск и бара одговор за Вселенската патријаршија

Од:

Синодот на Руската православна црква што ќе заседава денеска во Минск, одлучува за одговор кон Вселенската патријаршија.

За првпат во историјата, Синодот на Руската православна црква денеска ќе заседава во главниот град на Белорусија, Минск и како што е најавено ќе реагира на најновата одлука на Вселенската патријаршија кои во минатата недела почнаа процедура за давање автокефалност за Украинската православна црква.

Рускиот патријарх Кирил во Минск изјави дека седницата на Синодот на РПЦ во Белорусија се поврзува со 1.030 години од прифаќањето на христијанството и заедничката христијанска историја.

– Се надевам дека Православната црква ќе најде сили да ја преброди кризата и сочува единство што е толку потребно за духовен препород на нашите народи, изјави Кирил.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов