Сингапур ги повика жителите да не излегуваат надвор заради големото загадување на воздухот од пожарите во Индонезија

Од:

Сингапур ги повика своите жители да не излегуваат на отворено заради досега незабележеното големо загадување на воздухот, предизвикано од шумските пожари во соседна Индонезија, пренесоа американските медиуми.

Во Малезија беа затворени околу 200 училишта.

Во Сингапур денеска ситуацијата со чадот, носен од индонезиските пожари, сериозно се влоши и загадувањето на воздухот достигна опасно високи ниваа, што можат да ја влошат состојбата на луѓето кои страдаат од респираторни заболувања.

Бизнисот и авионските летови не се доведени во опасност, но смогот ги затегна односите меѓу Сингапур и Индонезија. Во Сингапур сметаат дека Џакарта треба да преземе поефикасни мерки за да ги изгасне пожарите на островот Суматра, предизвикани од сопствениците на плантажи и земјоделците, кои ја расчистувале земјата за обработка.

Би можело да ве интересира

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски