Синдикати повикуваат на штрајк на француската железницата секоја среда и четврток

Од:

Синдикатите СЖТ, најголемиот синдикат на железницата во Франција, повика на штрајк секоја среда и четврток, со цел да има поголемо влијание во преговорите кои се во тек околу работните услови, јавува дописникот на МИА од Париз.

Штрајкот според СЖТ ќе биде секоја среда и четврток, односно ќе трае 48 часа неделно, истовремено и другиот синидкат Суд-рај, исто така повика на штрајк започнувајќи од 18 мај.

Двата други синдикати на железницата Унса и СФДТ се уште немаат донесено одлука дали и тие ќе повикаат на штрајк.

Треба да се знае дека железничарите веќе штрајкуваа три пати од март годинава.

Преговорите кои се водат сега се однесуваат на работните услови пред најавеното отворање на железничкиот патнички сообраќај за конкуренцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили