Син 33 пати со нож го избодел неговиот татко во Лондон: „Немам што да изгубам, со години ме силуваше и малтретираше“

Од:

Синот кој го избодел својот татко до смрт додека консумирал кокаин, по години наводна сексуална и физичка злоупотреба, е осуден на 10 години затвор за убиство од небрежност – откако поротата го ослободила од обвинение за убиство со умисла.

Шон Морис (31) го избодел својот татко, продавачот на автомобили Пол Морис, во грбот и градите вкупно 33 пати за време на бесен напад во семејната куќа во Бромли, југоисточен Лондон, на 14 септември 2021 година.

Шон избегал од местото на настанот низ градините на соседните имоти и се качил на покривот на барака, што довело до судир со полицијата што на крајот завршило со негово апсење.

Таткото на Шон, им рекол на своите соседи дека не сака да умре, кога паднал и искрварил на нивниот праг, соопшти судот.

На снимката од полициската камера, Шон им рекол на полицајците: „Немам што да изгубам… многу луѓе се обидувате да ме уапсите затоа што го претепав татко ми кој со години ме малтретираше, ме силуваше… а вие сакате да ме уапсите? Каква правда е тоа?“

Шон го призна убиството од небрежност, но поротата во Олд Бејли во центарот на Лондон го ослободи од обвинението за убиство со умисла по 13 часа и 11 минути размислување.

Би можело да ве интересира

Извештај: Лондонската полиција е расистичка, сексистичка и хомофобична

Горан Наумовски

Хорор во Лондон: Маж остави фетус во кутија пред болница

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пукање во Лондон, тешко повредено седумгодишно девојче

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Труење на божиќна забава во Лондон: Околу 200 луѓе завршиле во болница

А1он

(ВИДЕО) Стампедо на концертот на Асаке во Лондон: 8 однесени во болница, 4 во критична состојба

Горан Наумовски