Силувал ученици, за да бидат подобри во карате

Од:

Шпанскиот суд му изрече пресуда од 302 година затвор, на шампионот во карате Фернандо Торес Бане поради силување на десетина ученици во неговата школа за боречки вештини, на Канарските острови.

Читајќи ја пресудата, судијата Салвадор Алба изјави дека Бане вршел оргии во училиштето и во својата куќа, во која учествувале неколку малолетници, зборувајќи им дека сексот ќе им помогне да бидат подобри во карате.

Торес доби казна затвор од 302 година, по 35 точки на обвиненија за сексуално злоставување и 13 за корупција на малолетници во ланецот на педофилија, со кој силувал 40 деца, кои биле помали од 13 години.

Сопругата на Торес, Марија Хосе Гонсалес е обвинета на 148 години затвор, а професорката по карате Ивона Гонсалес на 126 години, откако било утврдено дека и двете учествувале во злоставувањата.

Тројцата најверојатно ќе одлежат по 20 години затвор, што е максимум според шпанскиот закон, но судијата во својата пресуда нагласи дека тоа не е доволно.

Освен казната затвор, судот наложи тројцата обвинети да платат парична казна од 10.000 до 50.000 евра на секоја жртва.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски