Силни експлозии кај најголемата нуклеарна централа во Европа

Од:

Во украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под руска контрола, вчера одекнаа силни експлозии, соопшти агенцијата за нуклеарна енергија на Обединетите нации, МААЕ. Рафаел Гроси, претседателот на МААЕ, кој минатата недела ја посети Украина, изјави дека вчера Агенцијата забележала силни експлозии во близина на најголемата нуклеарна централа во светот и уште еднаш повика на формирање таканаречена „безбедна зона“ околу електраната.

Руските сили вчера извршија масовен ракетен напад врз Украина, при што беа истрелани повеќе од 50 проектили кон цели низ земјата. Украинската војска објави дека соборила повеќе од 40 руски проектили, додавајќи дека Русите во нападот користеле хиперсонични ракети од типот Кинжал. Рускиот напад дојде еден ден откако САД и Германија најавија испорака на напредни тенкови Леопард 2 и Абрамс во Украина.

Русија претходно реагираше на успесите на Украина, како на бојното поле, така и во дипломатијата, со масовни ракетни напади кои оставија милиони Украинци без струја, греење и вода. Украинскиот премиер Денис Шмихал потврди дека Русија намерно ги гаѓа електраните.

Кремљ соопшти дека најавата за испраќање западни тенкови во Украина е „доказ за директното учество“ на САД и Европа во војната, која се приближува на првата годишнина. И САД и ЕУ негираат директна вмешаност во војната.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша указ со кој ќе може да се запленува американскиот имот во Русија

Зеленски: Русија собира нови војници во близина на границата

Украина ја истражува својата 125-та бригада: Тие се виновни што Русите напредуваат

Предраг Петровиќ

Полскиот министер за надворешни работи ја обвини Русија: Сакаат да влијаат на изборите во Европа

Предраг Петровиќ

Шолц призна: Се што можевме и дадовме на Украина, ракети Таурус нема да испорачаме

Предраг Петровиќ

Путин: Секогаш чекор пред непријателот