Путин потпиша указ со кој ќе може да се запленува американскиот имот во Русија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за постапката за обештетување на Русија и на Централната банка на Русија за штетите „предизвикани од непријателските дејствија на САД“, со кој се предвидува Москва да може да заплени американски имот во Руската Федерација.

Запленетиот имот ќе биде искористен за компензација на Москва за штетата предизвикана од запленувањето на руски имот во САД, пренесува Комерсант.

Според декретот, доколку судот во Русија утврди незаконско заплена на руски имот од страна на американската влада и судските власти, тој мора да ги проследи собраните информации до Комисијата за контрола на странски инвестиции на Руската Федерација.

После тоа комисијата ќе утврди со кој имот може да се плати причинетата штета, се посочува во документот.

Регулативата забележува дека движен или недвижен имот на државјани на САД или на САД, хартии од вредност во сопственост на државјани на САД или на САД, како и американски акции во капиталот на руски правни лица или американски имотни права може да се користат како отштета.

Уредбата стапи на сила, а Владата на Русија мора да направи соодветни измени во руското законодавство во рок од четири месеци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Германец осуден на смрт се појави на белоруската телевизија, во солзи го моли Шолц за помош

Предраг Петровиќ

Украина губи 2.000 војници дневно

Предраг Петровиќ

Приближно 32 отсто од Украинците се подготвени на територијални отстапки кон Русија за да се стави крај на војната

Руските сили ја презедоа контролата

Ако победи Трамп, финансискиот товар за помош на Украина ќе се промени на штета на ЕУ тврди Орбан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се шири снимка: „Украинец во цивилна облека истрела крстаречка ракета кон Русите од рамо“