Земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала го погоди денеска јужниот дел на Перу, предизвикувајќи паника во неколку градови, вклучувајќи ја и престолнината Лима.
Според Геофизичкиот институт на САД, епицентарот на потресот бил на 72 километри јужно од градот Ломас, во предградието Арекипа.
Перуанските власти соопштија дека нема опасност од цунами.
Не се соопштува за настрадани и причинети материјални штети.