Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на брегот на Перу.
Перуанскиот институт за цивилна заштита соопшти дека нема опасност од појава на цунами.
Епицентарот на земјотресот бил на 194 километри од Пукуио на длабочина од 44 километри.
Земјотресот бил почувствуван и во вториот по големина град во Перу, Арекипа и во северно Чиле.