Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтерова скала го погоди утринава по локално време подрачјето во близина на брегот на Гватемала, а бил почувствуван и во Ел Салвадор.
Геолошкиот институт на САД соопшти дека епицентарот на потресот се наоѓал на 38 километри југозападно од гватемалскиот град Пуерто Сан Хозе, на длабочина од 10 километри под површина на земјата.
Жителите на Гватемала Сити биле во паника поради земјотресот и засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.