Земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јужниот дел на Перу.
Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри од градот Асангаро на длабочина од 200 километри.
Земјотресот бил почувствуван и во градовите на повеќе од 200 километри од епицентарот.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Извор: МИА