Земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер околу 18 часот ја погоди провинцијата Хатај во јужна Турција. Ова е регионот кој пред две седмици беше погоден од разорниот земјотрес кој однесе повеќе од 41.000 животи. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
#BREAKING 6.4 magnitude earthquake hits Türkiye's southern Hatay province, says disaster agency AFAD, some 2 weeks after major quakes in region pic.twitter.com/cXFgUuNhBz
— ANADOLU AGENCY (@anadoluagency) February 20, 2023
Земјотресот бил почувствуван и во Сирија, Либан, Кипар и во Израел.
Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД) соопшти дека во 20:04 часот по локално време се случил земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар бил во областа Дефне во Хатај. Додаваат дека во 20 часот и 7 минути се случил уште еден последовен потрес со јачина од 5,8 степени, чиј епицентар бил областа Самандаг во Хатај.