Сијарто: Унгарската амбасада во Париз доби закана за бомба

Од:

Персоналот на унгарската амбасада во Париз добил закана за бомба преку електронска пошта, соопшти денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

Во објава на Фејсбук тој изјави дека француската полиција ги претресува просториите на амбасадата.

Заедно со заканата, испраќачот на мејлот испратил и слика од рачно изработена бомба, но полицијата не нашла таква направа, додаде Сијарто, пренесе унгарската агенција МТИ.

Би можело да ве интересира

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Сијарто: Унгарскиот народ може да одлучи за пристапот на Украина во ЕУ

Сијарто: Унгарија нема да гласа за санкции против избраните претставници на Република Српска

Сијарто: Естонскиот министер за надворешни работи меѓу најфанатичните провоени гласови

Горан Наумовски

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина