Сијарто: Последиците од санкциите на ЕУ за руската нафта ќе бидат како нуклеарна бомба

Од:

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, денеска предупреди дека последиците од планираниот пакет санкции на Европската унија за руските фосилни горива ќе бидат како „нуклеарна бомба“ за енергетската безбедност и економијата на Унгарија.

Сијарто на Фејсбук напиша дека „бриселскиот пакет“ би значел дека цената на горивото ќе скокне на 700 форинти за литар, што е 1,83 евра, а на дизелот на 800 форинти, што е 2,09 евра.

Тој нагласи дека Унгарија нема да поддржи ваков пакет санкции, пренесе унгарската агенција МТИ.

-Нема да дозволиме Унгарците да ја платат цената на војната, рече Сијарто.

Британските медиуми вчера јавија, цитирајќи три неименувани извори од ЕУ, дека Европската комисија предложила промени во планираното ембарго на руската нафта во обид да ги придобие земјите-членки кои велат дека не можат да го поддржат предлогот.

Изменетиот предлог се однесува на давање повеќе време на Унгарија, Словачка и Чешка да се прилагодат на ембаргото и давање помош за подобрување на нивната нафтена инфраструктура, наведоа извори од ЕУ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов