Сијарто: ЕУ да не го разгорува конфликтот, ќе побарам војната конечно да заврши

Од:

„На состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија ќе побарам војната конечно да заврши“, изјави синоќа унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во видеото објавено на социјалните мрежи.

Шефот на унгарската дипломатија рече дека сега е неопходно „да се заборават предлозите кои се закануваат со понатамошна ескалација на војната и да и се дозволи на Европа да се фокусира на мирот“.

Сијарто зборуваше и за заканите за глобалната економија кои ги носи конфликтот во Украина и санкциите кон Русија, имено, како што наведе, енергетската криза, одливот на работна сила, недостигот на глобалниот пазар на храна, како и новите бранови на миграција.

„Треба да ги оставиме настрана предлозите кои водат до ескалација на војната и конечно да се фокусираме на создавање мир во светот“, рече Сијарто.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната