Си побара реализација на договореното во Сингапур

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг на средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека се надева дека во целост ќе биде применето тоа што е договорено во Сингапур.

Ким, кој е во дводневна посета на Пекинг, му се заблагодари на кинескиот претседател за поддршката за минатонеделниот состанок со американскиот претседател Доналд Трамп.

Тоа е трета посета на Ким на Кина годинава, што укажува на значителното подобрување на односите меѓу двете држави.

Севернокорејската новинска агенција КЦНА објави дека Ким истакнал оти односите помеѓу Пјонгјанг и Пекинг се развиваат во „специјални односи без преседан“.

Додека кинеските државни медиуми објавија дека Си на средбата со Ким навел дека преку конкретните напори од релевантните држави, преговорите за Корејскиот Полуостров се враќаат на правиот пат и целата ситуација се движи кон мир и стабилност. Тој посочи дека Кина секогаш ќе има конструктивна улога во тој процес.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху