Си Џинпинг: Кина се залага за финансиски реформи и отворена економија

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека властите во Пекинг се залагаат за финансиски реформи и отворена економија, јави ТАСС.

– Кина нема да се врати назад во тој процес, изјави тој на собир во Сиетл, во американската сојузна држава Вашингтон, организиран од Националниот комитет за американско-кинеските односи и Американско-кинескиот деловен совет.

– Наш првостепен приоритет е постепен развој, целта ни е да обезбедиме благостостојба за народот, нагласи тој.

Си увери дека Пекинг има доволно решителност за да се движи напред по патот на реформите и призна дека во таа област има тешкотии и оти треба да се издржи голем притисок.

Кинескиот претседател говореше и за спорните прашања со САД во однос на владеењето на правото и обезбедувањето во Кина на еднакви услови за конкуренција за локалните и западните компании.

– Кина го почитува принципот на недискриминација во бизнисот и ги стимулира странските инвеститори да работат во Кина, изјави тој.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија