Шверцери на луѓе: Криминална патничка агенција

Од:

Дојче веле – Бон

Бегалците од Авганистан или Сирија плаќаат и до 10.000 долари за илегален пат до Европа. Шверцерите на луѓе така заработуваат милијарди. Како таа работа функционира е опишано во книгата Исповед на еден трговец со луѓе.

– За шверцерите на луѓе тоа веќе со години е нормална работа која е се подобро организирана и се подобро функционира – вели Андреа ди Никола, криминолог од италијанскиот Универзитет Триент. Тој заедно со колегата Гиампало Мусумечи две ипол години го истражувале тоа криминално милје и напишал книга Исповед од еден трговец со луѓе. – Тие луѓе се способни, криминални претприемачи – констатира ди Никола.

Шверцерите на луѓе едноставно ги нудат своите услуги. Цените зависат од тоа кој пакет аранжман ќе се одбере. Патот од Авганистан или Сирија до Европа чини од 7.000 до 10.000 евра. Некои бегалци или иселеници мора да патуваат во етапи. Бидејќи не можат се да платат наеднаш, по секоја етапа работат за да го заработат понатамошното патување.

Злоупотреба на сезонските визи

Книгата Исповед на еден трговец со луѓе, негира многу стереотипи. Многу доселеници додуша во Европа и понатаму се упатуваат по морски пат во претоварени мали бродчиња, но многу шверцери своите клиенти ги праќаат и директно со авион со лажни документи и работна дозвола. Ди Никола го наведе примерот на еден Пакистанец кој работи во Италија. Тој е загрижен поради тоа што над 600 Пакистанци секоја година доаѓаат во Италија како сезонски работници.

Италијанскиот криминолог објаснува дека сезонските визи во Италија се доделуваат за точно определено лице: – Ако јас, Пакистанец Андреа ди Никола, илегално сакам да допатувам, трговецот на луѓе се обраќа на некој италијански претприемач, го поткупува за 2.000 долари и потоа тој претприемач бара овозможување на влез во земјата на Андреа ди Никола. Јас добивам сезонска виза за Италија и плаќам 6.000 долари на посредникот. Бидејќи тој Андреа ди Никола потекнува од пакистанско-авганистански пограничен регион и зборува пашта, тој по доаѓањето во Италија го менува идентитетот и вели дека доаѓа од Авганистан и дека во Италија стигнал преку море со брод. Тој бара азил и кога ќе го добие во Италија, со помош на пакистанскиот трговец на луѓе оди понатаму за Германија и Велика Британија и плаќа уште еднаш.

Италијанските власти повремено гордо објавуваат дека уапсиле некој шверцер ако го откријат тој кој управувал со бродот со бегалци. Но тоа од прилика е исто како кога апсењето на еден мал трговец со дрога би се прогласило како голем удар против нарко картел, вели ди Никола. – Тој кој седи зад кормилото е бегалец кој е за тоа ангажиран и не мора да го плати својот пат. Или скипер или морнар кој едвај преживува, а за транспортот добива 4.000 до 5.000 евра. Инаку годишно не заработува ни 300 евра. Тоа се последните алки во ланецот. Секако дека прават кривично дело. Но, ако се стават во затвор и нема обид да се открие што се се крие зад сето тоа, тогаш секогаш во затвор ќе одат ситните риби, а организираниот криминал нема да биде откриен и уништен – вели италијанскиот криминилог.

Европа мора да ја смени политиката на доселување

Авторите тврдат дека за ширење на тој вид на организиран криминал е одговорна и Европа: – Не е нормално илјадници луѓе кои бегаат од војна да имаат право да дојдат во нашата земја – така вели нашиот правен систем, дека тие луѓе својата судбина ја доверуваат на шверцери во Турција, Сирија или во друга земја. Зошто ние да не можеме да одиме во близина на границата каде луѓето бегаат и така да се скуси патот кој тие мора да го поминат со шверцерите на луѓе?

Ди Никола исто така бара: – Европа мора да свати дека репресивните мерки не се доволни, или барем владите треба да остварат далеку подобра меѓународна соработка. Пред се треба да се промени политиката на доселување. И мора да се отстранат географските и законските слаби точки кои овозможуваат работа на шверцерите. Бидејќи тие 24 часа дневно бараат дупки во системот. Веднаш ги откриваат и и се смејат на Европа.

А самите шверцери се гледаат како добротворци. Ди Никола вели дека еден од нив му рекол дека себе се смета за чесен и дека прави добро дело. Инаку, насловот на книгата Исповед на еден трговец со луѓе, не е целосно коректен. Бидејќи, авторите разговарале со 12 шверцери. Освен тоа, тие не тргуваат со луѓе, туку ги нудат своите услуги во најголемата криминална патничка агенција на светот.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто