Швеѓанка се породила во превртен автомобил

Од:

Жена во Шведска се породила во автомобил кој вчеравечер се превртел на автопатот меѓу Сандвикен и Јевле. Во превртениот автомобил биле четири лица.

– Откако автомобилот се превртел и завршил во ендекот крај патот, бремената жена, која се наоѓала во возилото, се породила на задното седиште, рече Темо Аленбек, дежурен командир при полицијата во регионот Јевелборг.

Четирите лица во превртениот автомобил и новороденчето биле однесени со амбулантно возило во болницата во Јевле.

– Состојбата е стабилна и на мајката и на новороденчето, а и никој од другите патници во возилото не добил посериозни телесни повреди, вели Аленбек за Шведската телевизија СВТ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран и Шведска разменија затвореници

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата