Шведската кралска двојка критикувана за носење палестински шалови

Од:

Шведската кралска двојка е изложена на бура од реакции и критики во јавноста откако по посетата на местото Херносанд на подарок добија палестински шалови и притоа позираа со нив, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

На шаловите беше испишан арапски текст кој во превод значи “Наша Акса, а не нивен храм“.

Текстот се однесува на познатаа џамија Ал-Акса која се наоѓа во Стариот град на Ерусалим.

Лиса Абрамович од здружението „Шведска информација за Израел“ смета дека пораката е неприфатлива за кралската двојка.

– Би сакала да укажам дека тоа е политичко маркирање против израелското присуство околу Ерусалим. Освен тоа, се случува во мошне чувствителен момент во контекстот на мировните преговори меѓу Израел и Палестина, вели Абрамович за Шведската телевизија.

Бертил Тернерт, шеф за информации при шведскиот кралски двор вели дека настанот доби преголеми димензиии и дека кралската двојка немала никаква шанса да сфатат каква била целта со таквиот подарок што го добиле.

–Кралската двојка добива многу подароци и цвеќиња. Во овој случај им ги ставиле шаловите околу вратот на кралот и на кралицата, при што тие и немале некаква алтернатива, вели Тернерт.

Изралеската амбасада немала никаков коментар за медимуите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран и Шведска разменија затвореници

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата