Шведска ќе продолжи да ги исполнува условите од договорот со Турција за НАТО

Од:

Шведска ќе ги исполни условите од договорот, со кој се обезбеди укинување на турските приговори за приемот на скандинавската земја во НАТО, изјави денеска шведската премиерка Магдалена Андерсон.

На прес-конференцијата за Неделата на Алмедален, годишен настан во паркот Алмедален во градот Висби, Андерсон потсети на одлуката на Стокхолм да екстрадира лице, барано од Турција за измама, која според неа била донесена минатата недела „во согласност со шведското и меѓународното право“. .

– Ќе продолжиме да дејствуваме на ист начин, додаде таа.

На 11 август, шведската влада објави дека ќе и предаде турски државјанин на Анкара, што е прва позната екстрадиција откако Турција се закани дека ќе го блокира пристапот на Шведска во НАТО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО