Шведска и Финска денеска треба да ги поднесат апликациите за членство во НАТО

Од:

Шведска и Финска се очекува денеска заеднички да ги поднесат своите апликации за членство во НАТО.

„Во Шведска и Финска се согласуваме да одиме рака под рака со целиот овој процес, а утре ќе поднесеме барања“, рече синоќа во Стокхолм шведската премиерка Магдалена Андерсон на прес-конференцијата со финскиот претседател Саули Ниинисто.

Финскиот Парламент со огромно мнозинство од повеќе од 95 отсто од гласовите вчера гласаше за влез во НАТО, дозволувајќи му на Хелсинки да испрати формална апликација за членство до седиштето на Алијансата.

Истиот ден шведската министерка за надворешни работи Ен Линде ја потпиша апликацијата на нејзината земја за членство во НАТО.

Финска и Шведска историски беа неутрални, но руската инвазија на Украина радикално го промени јавното мислење во двете држави за приклучување кон Северноатлантската алијанса. Со исклучок на Турција, останатите членки на НАТО ја поддржуваат кандидатурата на двете земји.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО