Швајцарија ги укина ковид мерките, Италија ја прекина вонредната состојба

Од:

Швајцарија денеска ги укина последните преостанати ограничувања за Ковид-19, а Италија ја прекина вонредната состојба прогласена поради пандемијата.

Во Швајцарија, маските повеќе не се задолжителни во јавниот транспорт и здравствените установи, а апликацијата „Ковид-19“ за следење контакти е деактивирана.

Луѓето заразени со коронавирус повеќе не мора да одат во самоизолација, но властите, сепак, ги повикуваат да останат дома доколку имаат симптоми на Ковид-19. Тие оценуваат дека кај населението преовладува висок имунитет, а состојбата на интензивна нега е стабилна.

Но, и натаму сакаат да одржат „засилена будност“ до пролетта 2023 година.

Властите во Рим, пак, одлучија да ја укинат вонредната состојба наметната од пандемијата, како и зелената пропусница за местата каде беше потребна.

Од денеска, гостите во хотелите повеќе нема да треба да докажуваат дали се вакцинирани против Ковид-19, дали биле заразени со вирусот или имаат негативен тест. Овој сертификат повеќе не е потребен ниту за влез во ресторани и барови на отворено, но за внатрешниот простор и натаму се бара.

Маските се уште се неопходни во затворен простор. Сертификатите исто така повеќе не се потребни за влез во музеи и изложби, но се бараат во театри, кина и концерти на затворено.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера