Швајцарците остануваат евроскептици

Од:

Швајцарците немаат доверба во Европската унија, покажуваат резултатите од истражувањето објавено од весникот „Зонтагсцајтунг“.

Само 11,5 проценти од швајцарските граѓани поддржуваат членство на својата земја во ЕУ, додека пред 12 години за пристапување на земјата кон ЕУ биле околу една третина од населението.

– Лошото расположение кон ЕУ е феномен присутен низ цела Европа, кој е тесно поврзан со должничката криза, објасни пратеничката Криста Марквалдер, која  е претседател на  „Новото европско движење на Швајцарија“.

Непосредно по референдумот во 1992 година, на кој Швајцарците го отфрлија членството во Унијата, швајцарската Влада со Брисел склучи специјални билатерални договори кои според весникот „Ној цирихер цајтунг“ водат кон ќорсокак.

– ЕУ не сака нови билатерални договори, нагласи швајцарскиот преговарач Франк Бланкарт.

Речиси пет години Брисел не склучува ниту еден нов договор со Берн и инсистира на промена на ставот на Швајцарија во однос на институционалните прашања. Конкретно станува збор за автоматско преземање на законодавството на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него