Швајцарците денеска преку референдум ќе се изјаснуваат за законот за пушење

Од:

Швајцарското гласачко тело, денеска преку референдум ќе се изјаснува за законот за целосна забрана за пушење во затворени простории.

Во швајцарските хотели, ресторани и барови дозволено е уредување на простории за пушачи, но според критичарите во овие простории може да биде загрозено здравјето на луѓето кои работат во нив. Одлуката за изјаснување за потполна забрана за пушењето и беше претставена на јавноста уште пред две години, но тогаш делумно оваа идеја ја “загушија“ тутунските компании потпомогнати од компаниите кои се бават со кетеринг и усгостителство.

Истражувањата на јавното мислење покажуваат како Швјацарците, кои инаку пушат значително повеќе од жителите на нивните соседни земји, нема да го подржат овој закон.

Интресно е што Швајцарија, значително покасно од своите соседи, Германија, Франција и Италија, започна да се занимава со законодавството за последиците од пушење.

Oсум кантони, меѓу кои и женевскиот, имаат воведено општа забрана за пушење во ресторани или барови, но во останатите 18 сосема либерално пристапуваат кон пушењето во затворени простории.

 

 

Би можело да ве интересира

Меџити: Мора да се одвикнеме од пушењето, лекувањето е поскапо за болестите што тоа ги предизвикува

Орце Костов

Меџити најави ригорозни мерки против пушењето во 2024: Нека си ја мислат пушачите

Негувателка во градинка во Велес им дала на децата да пробаат електронски цигари: Суспендирана е од работа

Орце Костов

(ВИДЕО) Царинска управа: Запленети 120 килограми тутун и 19 илјади парчиња цигари

Горан Наумовски

Во Федерацијата Босна и Херцеговина од денеска нема пушење на затворени јавни места

Гевгеличанец се обиде да шверцува голема количина цигари без документација