Шулц во прва посета на САД

Од:

Претседателот на ЕП Мартин Шулц ќе престојува од денеска до 28 ноември во прва посета на САД каде ќе има средба со американскиот потпретседател Џо Бајден.

Шулц во Вашингтон со американски соговорници ќе разговара за изнаоѓање заедничко решение за креирање економски раст и отворање повеќе работни места.

Претседателот на ЕП ќе има средба и со Хари Рејд, лидер на мнозинството во Сенатот, Мич МекКонели и Ненси Пелоси, од Претсетавничкиот дом. Планирана е средба и со првиот заменик на директорот на ММФ, Дејвид Липтон.

Шулц утре ќе има говор во дебатата за односите ЕУ-САД на универзитетот Џонс Хопкинс каде ќе пренесе порака од ЕП за градење цврсти и сеопфатни трансатлантски односи засновани на широк спектар вредности и заеднички интереси.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески