Шулц разговараше со демонстрантите што упаднаа во ЕП, им вети поддршка во борбата со ИСИЛ

Од:

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц се сретна со 70-те курдски демонстранти што попладнево насила влегоа во зградата на Европарламентот во Брисел. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Шулц ги поддржа барањата на демонстрантите, но им порача дека насилниот упад во законодавниот дом на Европската унија не е начин за изразување на незадоволството,

– Одлучив да ги задоволам претставниците на курдските демонстранти и да ги слушнам нивните барања и поплаки, инсистирајќи дека по тоа, тие ќе ги завршат нивните протести на мирен начин. Иако истакнав дека ова не е начин на изразување на барањата, јас целосно ја споделувам нивната загриженост за ситуацијата на цивилното население во Сирија и Ирак и посебно на ситуацијата во пограничниот град Кобане во Сирија. Ја повторив поддршката на Европскиот парламент за меѓународната коалициска борба против Исламската држава во Сирија и Ирак – истакна Шулц по средбата со демонстрантите.

Првиот човек на ЕП, додаде дека во оваа смисла, тој ќе зборува со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, со претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, како и со претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј и Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Кетрин Ештон.

Како што е познато, попладнево, околу седумдесет Курди, кои деновиве протестираа пред Европскиот парламент во Брисел против напредување на терористите од Исламската држава во градот Кобан во Сирија, насилно навлегоа и го запоседнаа европскиот законодавен дом. По еднонеделни протести пред Европарламентот, курдските демонстранти денеска го пробија обезбедувањето и ги продолжија протестите внатре во зградата на ЕП, изразувајќи револт против неактивноста на меѓународната заедница.

По разговорите со Шулц, демонстрантите најавија повлекување од зградата на европскиот законодавен дом.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија