Шулц: Проширувањето ќе продолжи, Македонија отворено прашање

Од:

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц на вчерашното обраќање во универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон, оцени дека процесот на проширување на ЕУ нема да запре, но сепак за можноста да се отворат преговорите со Македонија, по препораката на Европската Комисија, кажа дека останува отворено прашање, јави дописникот на МИА од САД.

Шулц ја поздрави Македонија како кандидат, наведе дека е светол пример во почитувањето на меѓуетничките односи, и причините за блокадата на проширувањето ги лоцираше во политичката криза на Европската Унија.

– Во Европа имаме криза на политичкиот систем, и проширувањето е многу добар пример. За да се отворат преговори за членство во ЕУ, потребно е едногласна согласност на сите членки. ЕУ се уште не го решила својот проблем, се уште не сме решиле дали сакаме да бидеме федерација или заедница на суверени држави. Оваа нерешено структурно прашање останува огромен проблем во работењето на Европската Унија, и игра голема улога во проширувањето, бидејќи ако треба сите држави да се согласат, секогаш има по еден или двајца што имаат проблем. За Македонија, го знаете вашиот сосед, кој има огромен проблем со вашето име, Македонија, изјави Шулц.

На прашањето за очекувањата на Македонија по препораката на Европската Комисија да се отворат преговори и без решавање на спорот за името, Шулц кажа дека не може да даде надеж.

– Јас имав голема надеж, дека Македонија може да биде одличен пример за мултиетничко општество, со Устав кој е основа за взаемно почитување на различните етнички групи и со политички систем кој ги намалува разликите и овозможува заеднички цели. Ова е духот на договорот од Охрид. Сепак, посветеноста на двете етнички заедници е намалена, а проблемот со името останува нерешен, и затоа не можам да ви дадам надеж. Ситуацијата е отворена, и нерешена. Така е и со Србија за Косово, или со Босна. Со приемот на Хрватска следната година, апсолутно е невозможно да им кажеме не на другите поранешни југословенски држави, историски е невозможно да ги одбиеме, додаде Шулц.

Претседателот на Европскиот парламент дел од своето обраќање посвети на нефункционалноста на носењето одлуки во Унијата, особено за проширувањето. Шулц даде пример со отворањето на преговорите на Турција, велејќи дека имало случаи членки на Европската Унија кои го поддржале отворањето на преговорите, уште следниот ден да излезат со спротивни ставови. Турција преговара од 2006 година, но е блокирана од страна на грчките власти на поделениот остров Кипар.

Мартин Шулц, европратеник од германската опозициска Социјал-демократска партија, во своето обраќање се заложи за напуштање на моменталната економска политика на Европската Унија, за намалување на државните расходи и кастрење на буџетите. Согласно ставот на Социјал-демократската партија која во есента 2013 година се соочува на избори со демо-христијаните на канцеларот Ангела Меркел, Шулц се заложи за зголемување на трошењето, во инфраструктурата, во образованието и компаниите кои вработуваат млади луѓе, со цел да се отворат нови работни места.

Шулц во Вашингтон зборуваше актуелните повици за формирање на договор за слободна трговија меѓу САД и Европската Унија, со што би се поврзале двата најголеми светски пазари, како мерка која би помогнала за излез од финансиската криза.

– Пречките за создавањето на ваквата трговска унија се огромни. Особено, од европската страна, каде има нерешителност која честопати е повеќе идеолошки наместо рационално водена. Но, имаме и оправдани прашања кои мора да ги разјасниме со САД, како што е прашањето на климатските промени, изјави Мартин Шулц.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески