Шулц: На Европа и се заканува распаѓање, мора да ја зачуваме

Од:

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц денеска изјави дека на ЕУ и се заканува распаѓање и дека сите оние кои ја поддржуваат Унијата мора да се борат за нејзин опстанок.

Коментирајќи го неодамнешното предупредување на шефот на луксембуршката дипломатија Жан Аселборн дека ЕУ може да се распадне, Шулц потврди дека ЕУ е во опасност бидејќи „постојат сили кои се обидуваат да ја урнат“.

– Никој не може да каже дали ЕУ ќе постои уште 10 години. Доколку сакаме да опстане мора силно да се бориме за тоа, истакна Шулц во интервју за германскиот весник „Велт“.

Тој не прецизирал што точно и се заканува на Унијата, но најмногу се осврнал на мигрантската криза, која оваа година го ставила на искушение европското единство и толеранција.

Мигрантската криза ја подели ЕУ, при што германската канцеларка Ангела Меркел се залага за прифаќање на поголем број Сиријци, а лидерите на поранешните комунистички земји во источна Европа се против планот на Унијата според кој мора да примат одреден број баратели на азил. Со одлуката на некои земји повторно да воведат контроли на границите во опасност е и Шенген зоната.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски