Шулц го поддржува рускиот план за Сирија

Од:

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, му даде поддршка на рускиот план за Сирија и оцени дека во европските парламенти нема ентузијазам за воена акција.

Предлогот се движи кон добара насока, им рече Шулц на новинарите во Стразбур и додаде дека во повеќето европски држави постојат сомнежи дека казнената интервенција ќе даде резултати.

-Од дебатите во британскиот и францускиот парламент видовме дека пратениците не се убедени во воено решение – изјави тој и додаде дека е добро што министрите на ЕУ побарале интервенцијата да се одложи додека не пристигнат резултати од истрагата на ОН.

Евоцирајќи го говорот за состојбата на ЕУ, Шулц рече дека државите членки се стремат кон надворешна политика надвор од ЕУ, а потоа ги обвини европските институции за неуспех.
Претседателот на ЕП, изјави дека наспроти некои претпоставки, тој не верува дека ЕУ ќе с
е распадне.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ