Штрајкувачи од најголемите белоруски фабрики им се придружија на демонстрантите против Лукашенко во Минск

Од:

Во протестна колона долга еден километар, вработени-штрајкувачи од неколкуте најголеми индустриски комплекси во Минск дојдоа денеска пред зградата на белоруската државна радиодифузна компанија „Белтелерадио“.

Тие велат дека не бараат да им биде овозможено да се обратат до јавноста по пат на телевизија, туку дошле во знак на поддршка со вработените во државната телевизија кои одлучија да стапат во штрајк.

Протестната колона претходно се движеше до Минск, одејќи од една фабрика до друга, а патем се придружуваа и други работници.

Демонстрантите стојат во близина на зградата на белоруската радиотелевизија и не се обидуваат да влезат во неа, јавува ТАСС, посочувајќи дека атмосферата е мирна. Насобраните вработени од телевизијата кои се во штрајк, на работниците од фабриките им скандираа „ви благодариме“.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија