Штрајк на пилотите на „Луфтханза“, откажани 1.350 летови

Од:

Германскиот авиопревозник „Луфтханза“ откажа 1.350 летови поради штрајкот на пилотите, откако преговорите меѓу нив и раководството на компанијата околу условите за пензионирање не вродија со плод.

Откажувањето на летовите ќе погоди повеќе од 150 илјади патници, сопшти „Луфтханза“.

Штрајкот на пилотите е деветтиот од април. Со штрајкот се погодени кусите и средните летови од 12 часот по локално време до 23 часот. Подолгите летови на „Луфтханза“, како и карглетовите ќе бидат засегнати утре.

Најголемиот европски авиопревозник побара нови разговори со претставници на синдикатите.

Компанијата сака да го применува досегашниот модел на заминување во пензија, на што пилотите се противат. Во моментов тие можат да се пензионираат на 55 години и да добиваат 60 отсто од платата се до регуларната возраст за пензионирање, односно 65 години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Германија: Полиција влезе во училишна зградата, учениците затворени во училниците

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Германски полицаец загина, а друг е тешко повреден додека го обезбедувале Виктор Орбан

Горан Наумовски

Германците пресметаа: Одморот во Хрватска е поскап отколку во Шпанија, Грција и Португалија

Мртво девојче е пронајдено покрај брегот на Рајна, уапсени се нејзините родители

Германија протера авганистанско семејство, Варшава го осуди овој потег како кршење на законот

Горан Наумовски