Штрајк на новинарите во Би-би-си

Од:

Новинарите во британската јавна медиумска компанија Би-би-си, ќе стапат во еднодневен штрајк, соопшти денеска синдикатот на новинарите (НУЈ).

Штрајкот ке се одржи идниот понеделник, доколку во текот на следните денови управата на Би-би-си не постигне спогодба со синдикатите околу натамошното укинување на работните места и исплатата на отпремнина за новинарите кои добиваат откази.

Управата на компанијата најави укинување на уште 2.000 работни места, покрај неколкуте илјади што претходно беа укинати во разни сектори.

Со ова затворање на работни места ќе бидат опфатени Би-би-си-Шкотска, Азиската мрежа, Светскиот сервис, како и регионалните станици во Англија.

Претставник на компанијата изрази жалење поради решението за 24-часовен штрајк, несогласувајки се со ваквата одлука на синдикланата унија, за која рече дека е непотребна.

Претставник на новинарскиот синдикат, пак, вината за тоа ја префрли на менаџментот на компанијата и неговата погрешна политика.

– Би-би-си продолжува и понатаму да се расфрла со средствата и да троши државни пари на непотребни отпремнини за луѓето, наместо да обезбеди услови и работа за повторното вработување на оние кои претходно добиле отказ, изјави генералниот секретар на новинарскиот синдикат Мишел Станстрит.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Извештај за безбедноста на новинарите: Продолжуваат заканите, притисоците и ограничувањата врз медиумските работници

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов