Штрајк на неопределено време во француската железница

Од:

Од денеска вработените во француската државна железница СНЦФ стапија штрајк на неопределно време, во знак на протест поради внатрешните реформи и измените на законот за работните односи, јави дописникот на МИА од Париз.

– Оваа недела ќе биде недела на најглема мобилизација по онаа од три месеци, оцени Филип Мартинез, првиот човек на синдикатот СЖТ.

Владата на премиерот Мануел Валс повтори дека нема да попушти во однос на „основаноста“ на законските измени.

Поранешниот шеф на француската држава Никола Саркози од своја страна обвини за „неред“ во Франција, како и за „слабост, кукавичлук и губење на целосниот авторитет“ на извршната власт.

Во однос на железничкиот сообраќај. Владата се обидува да го смири конфликтот, приндувајќи ја СНЦФ, која е официјален превозник на Евро 2016, на отстапки околу организацијата на идната работа на железничарите. Тоа го наведе другиот поумерен синдикат ЦФДТ, да се откаже од штрајк.

Сепак, денеска има големи нарушување на редовниот железнички сообраќај. Предвидено е да се движат шест од десет возови со голема брзина Те-Же-Ве, како и четири од 10 возови кои од парсикиот регион водат кон југо-истокот на Франција, Во приградскиот сообраќај во Париз саообраќаат само 30 отсто од редовните возови на линијата Б и 40 отсто на линијата Ц.

Во текот на ноќта нема да сообраќа ниту еден ноќен воз од меѓуградскиот сообраќај, исто како и дневните линии меѓу Париз-Евро, Нант-Тур-Лион и Бордо-Клермон.

Синдикатите во Франција се поделени, но најголемиот број од нив најавуваат нови протести на национално ниво за 14 јуни, до тогаш, штраковите ќе се фокусираат во областа на транспортот, што претставува ризик за проблеми со организацијата на Европското првенство во фудбал, чиј домаќин е Франција.

Претседателот Франсоа Оланд, од своја страна во интервју за денешниот регионален весник „Суд Уест“, тврди дека законот за работни односи и покрај протестите „нема да биде повлечен“. Според него, принципот на спорниот член 2 ќе биде зачуван, бидејќи тој закон дава нови слободи и нови заштити за претпријатијата и ќе биде корисен за Франција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили