Што се случува со опасноста со лавата на Хаваите?

Од:

Во ситуација кога куп од стопени карпи кои вријат на две илјади степени одат кон вас, може да сторите само едно нешто – да бегате. А по последната река од лава која дојде од хавајскиот вулкан Килауеа на помалку од сто метри од домовите, сега токму тоа и го прават малкуте жители од Пахоа.

Од кога ова се случува?

Поток од црвени врели карпи течат кон Пахоа и околниот рурален регион на Пуна веќе точно четири месеци, откако на 27 јуни отворот на кратерот Пу О на источниот гребен на Килауеа повторно почна да испушта чад и лава – покажувајќи дека најмладиот и најактивен вулкан на Земјата од 1983 година наваму постојано се вклучува и исклучува со продолжени ерупции.

Отогаш жителите, геолозите и претставници на цивилната одбрана гледаат и чекаат обидувајќи се да сфатат по кој пат ќе тргне лавата. Неодамна, 150 метри широката река од лава ги покри гробиштата на Пахоа – и остави зацрнети надгробни споменици кои стојат морничаво над новиот каменосан предел.

Кои се опасностите?

Заканата до лавата можеби изгледа слична на таа на калта кога загинаа 43 луѓе во гратчето Осо во Вашингтон во март годинава. Всушност, самата лава и не ги загрижува толку локалните жители. Тие не можат ништо да сторат во врска со неа, и имаа доволно време да се подготват.

Всушност, лавата носи скриени опасности:

Намирници: Хавајската обласна цивилната одбрана го затвори селскиот пат до Пахоа во неделата вечерта, недалеку од државниот автопат 130, главниот пат кој води од и до градот. Пахоа е комерцијален центар на регионот Пуна, седиште на поголемиот дел од пиљарите, бензинските пумпи и медицинските центри – ако Пахоа биде затворена или напуштена, жителите се соочуваат со 160 километри оддалечените најблиски животни намирници и здравствена рижа, извести во понеделникот Ведер чанел.

– Ова е тешка ситуација за луѓето од Пуна, навистина е тешка, рече за станицата Ка-Ха-Ен-Ел од Хонолулу и Ен-Би-Си Стефани Бат, менаџер на засолништето на Црвениот крст кое е сместено во блиската црква. „Луѓето губат се што имаат“.

Отровните чадови и гасови: Досега, чадот кој се испушта кога лавата ја гори вегетацијата е лесен до умерен, затоа што ветровите го оддувуваат подалеку од населените области. Но тоа може во секој миг да се смени, и да стане закана за луѓето со респираторни проблеми. Истовремено, тие се повикувани да се евакуираат, но исто им се кажува и да остануваат дома.

Во меѓувреме, „емисите на гасови остануваат високи“, изјавија од американската Геолошка опсерваторија за следење на вулканите на Хаваи, од 2,700 до 3,000 метрички тони на ден. Гасовите – воглавно сулфурни мешавини, како што се сулфурниот двооксид – создаваат отровни киселини кои кога ќе дојдат во допир со водата, и потенцијално отровните нивоа на смртоносните гасови со помош на ветровите можат да стигнат до три четвртини милји подалеку од лавата.

Струја: Електричните бандери во вулканските зони на Хаваите се обвиени со материјали отпорни на топлина, но тие најверојатно ќе изгорат. Од Хавајските елекрани рекоа дека пренесуваат големи дизел генератори во регионот за да обезбедат алтерантивни извори на струја, во случај „постоечката дистрибуција на струја да стане неупотреблива“ и областа да биде отсечена од главните далекуводи.

– Сеште не се проценти долгорочните штети, рече Реа Ли, портпарол во електрокомпанијата. „Како што лавата напредува, очекуваме таа да нарасне и да се напумпа“.

– Никогаш не замислував дека може да дојде до ова, рече Хауанио за Ка-Ха-Ен-Ел.

Хауанио веќе почнал да се пакува – воглавно спомени од неговите родители, изјави тој за телевизиската станица.

– Искрено, знаете тоа се само материјални работи. Дојдов на овој свет гол. И ќе си заминам од него гол, рече тој. „Можам само да ги земам спомените. И токму тоа е највредното, и само тоа можам да го сочувам“.

 

Ен-Би-Си – Вашингтон

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан на светот

А1он

(ВИДЕО) Нова ерупција на вулкан на Исланд, по патиштата се излева лава

Горан Наумовски