Што досега се знае за пожарот во нуклеарната централа Запорожје

Од:

Досега достапни информации:

Што се случи?
Украинските власти соопштија денеска дека околу 2:30 часот по локално време дека избувнал пожар во комплексот за нуклеарната ентрала, лоциран во Енерходар, југоисточна Украина. Централата е најголема од ваков вид во Украина и содржи шест од 15-те нуклеарни енергетски реактори во земјата, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Борбите оттогаш престанаа во областа, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на електраната, Андриј Туз.

Колку е сериозна ситуацијата?
Тешко е да се каже бидејќи се уште има многу што не се знае – како на пример каде се наоѓа пожарот во комплексот, дали реакторите биле погодени, дали има секундарни и терциерни системи за ладење. Но, ентралата не претрпе никаква „критична“ штета, рече Туз. Пожарот не зафатил ниту една „суштинска“ опрема, а персоналот презема активности за ублажување на каква било штета, соопшти МААЕ, повикувајќи се на украинските власти.

Дали има зголемена радијаија?

Не – нуклеарните регулатори и владините тела во САД и Украина велат дека нивото на радијација во моментов изгледа нормално.

Американскиот секретар за енергетика Џенифер Гранхолм објави дека реакторите на украинската нуклеарна централа Запорожје „се заштитени со робусни структури за задржување и реакторите безбедно се затвораат“. Гранхолм на Твитер објави дека штотуку разговарала со министерот за енергетика на Украина за ситуацијата во централата, каде што избувна пожар за време на борбите меѓу руските и украинските сили. „Не видовме зголемени отчитувања на радијацијата во близина на објектот“, нагласи Гранхолм.

Кои се ризиците и колку се веројатни?
Најлошото сценарио би било доколку пожар или напад погоди реактори, го наруши нивниот систем за ладење и предизвика топење, што би ослободило голема количина радиоактивност.

Греам Алисон, професор во Центарот Белфер на Универзитетот Харвард, изјави за Си-Ен-Ен денеска дека блоковите имаат системи за автоматско гаснење на пожари, но не и „сите пожари“ – така што ситуацијата зависи од тоа каде се случува пожарот. И „не сите пожари во електраната имаат катастрофални последици“, рече тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород