Штетите од земјотресот во Турција над 100 милијарди долари

Од:

Штетите предизвикани од катастрофалните земјотреси во Турција на почетокот на февруари достигнаа бројка од 103,6 милијарди долари, што е околу девет отсто од проектираниот БДП за 2023 година, соопшти денеска Министерството за финансии во Анкара.

Таа сума е шест пати поголема од штетата предизвикана по земјотресот во Мармара во 1999 година.

Најголем дел од штетата, 54,9 отсто, е причинета на станбени згради во износ од 56,9 милијарди долари, објави порталот на турскиот канал „НТВ“.

Штетата на јавните инфраструктурни и комунални објекти е 12,9 милијарди долари, додека штетите во економскиот сектор изнесуваат 11,8 милијарди долари, јави Танјуг.

Во таа бројка се вклучени штетите направени во енергетиката, туризмот, здравството, образованието и други сектори.

Во Турција, како резултат на земјотресот од 6 февруари, загинаа речиси 50.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски