Штетите од поплавите во италијанската област Лигурија се над милијарда евра

Од:

Поројните дождови и поплавите нанеле во италијанската област Лигурија штети над една милијарда евра. Тоа го изјави гувернерот Клаудио Бурландо.

– Според мене, вкупните штети се над една милијарда евра. Ако се соберат штетите од сите поплави од изминатиот месец, од кои беа погодени претприемачи, трговци, сопственици на локали како и државни структури, тогаш се добива сума не пониска од една милијарда евра, изјави Бурландо.

Во Италија заради поплавите и лизгањето земјиште за еден месец загинаа девет луѓе. Според метеоролозите, дождовите во северна Италија ќе продолжат и во следните денови.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага