Штетата од ураганот Ида во САД може да изнесува 20 до 30 милијарди долари

Од:

Осигурителните компании можат да очекуваат побарувања по проценките за штетата предизвикана од ураганот Ида во САД во вредност од 20 до 30 милијарди долари, соопшти компанијата за развој на модели на ризици поврзани со катастрофи AIR Worldwide.

AIR ги ажурираше проценките за осигурените загуби по анализата на влијанието на поплавите во внатрешноста на земјата на траекторијата на ураганот Ида, вклучувајќи ги и федералните држави во североисточниот дел на САД. Досега тие очекуваа осигурените загуби да изнесуваат од 17 до 25 милијарди долари, а сега проценуваат дека ќе се движат од 20 до 30 милијарди долари.

Проценката вклучува штета на станбени, комерцијални и индустриски недвижности и автомобили на копно, соопшти АIR. Тоа значи дека бројките не ја вклучуваат штетата покриена со Националната програма за осигурување од поплави или оние на офшор објекти.

Пресметката ги зеде предвид повисоките трошоци за материјали и поправки по тековни цени на градежниот пазар, забележуваат AIR.

Експертите проценуваат дека ураганот Ида на крајот бил помалку катастрофален од ураганот Катрина, кој во 2005 година направи штета од 87 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас