Штетата од кибер нападите врз Албанија најголема по Втората светска војна

Од:

Познатиот албански експерт за криминалистика Ервин Карамучо оценува дека штетата предизвикана од кибер нападите врз неговата земја е најголема по Втората светска војна, јави дописничката на МИА од Тирана.

– По Втората светска војна немаме поголема штета од сега. Направена е голема штета. Таа штета ќе биде вратена. Постојат основи на сомнение дека отпечатоците од прсти од системот се изнесени од Албанија. Хакерите биле потпомогнати од Албанци, Руси и други од регионот. Има многу скриени сили. Тие ни ги уништија системите. Имаме штета што не сме ја претрпеле од Втората светска војна. Тоа е направено за да се предизвика паника, хаос и дестабилизација, рече Карамучо за abcnews.al.

Тој нагласува дека внатре во иранската амбасада имало луѓе кои влијаеле на овие кибер напади.

– Има информации дека во иранската амбасада се занимавале со хакерски прашања и дека и таму имало активност. Има повеќе истраги и се очекува да бидат издадени налози за апсење, додава тој.

Бесмир Семанај, ИТ експерт, за телевизијата изјави дека освен Албанија, континуиран атак има и врз други земји од регионот.
Тој додава дека од „заразен“ сервер што го имало во Албанија, било нападнато и Косово.

– Се користат машини или сервери кои се земени под контрола на хакери и со нив се нападнати други. Тоа не значи дека албанската инфраструктура го нападна Косово. Но, албанските сервери беа дел од овој сообраќај што го нападнаа Косово, рече Семанај.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски